Веќе се откупени околу 98 отсто од тутунот во Македонија. Од ланската берба се преземени 25.000 тони тутун со просечна цена од 180 денари за килограм. Владее задоволство и кај тутунарите и кај државата зашто ланската реколта беше квалитетна, а откупот ефикасен. Тутунарот Благоја Николоски изрази задоволство од процената на родот во Тутунскиот комбинат и побара упростување на постапката за добивање бел картон. Заменик-министерот најави разгледување на можноста за поедноставување на оваа процедура, што е дозвола за тутунопроизводство за годинашната сезона. Според процените, ланската берба на тутунот во прилепско тежи околу 15.000 тони. Десетина илјади семејства на тутунарите ќе инкасираат околу 45 милиони евра, плус се очекуваат околу 15 милиони евра од субвенциите.
„Веќе се откупени околу 98 отсто од тутунот во Македонија. Од ланската берба се преземени 25.000 тони тутун со просечна цена од 180 денари за килограм“. Ова го изјави Зоран Kоњановски, заменик-министерот за земјоделство крај кантарите во Тутунскиот комбинат во Прилеп.
- Владее задоволство и кај тутунарите и кај државата зашто ланската реколта беше квалитетна, а откупот ефикасен - рече Kоњановски.
Тутунарот Благоја Николоски изрази задоволство од процената на родот во Тутунскиот комбинат и побара упростување на постапката за добивање бел картон.
Заменик-министерот најави разгледување на можноста за поедноставување на оваа процедура, што е дозвола за тутунопроизводство за годинашната сезона.
Според процените, ланската берба на тутунот во прилепско тежи околу 15.000 тони. Десетина илјади семејства на тутунарите ќе инкасираат околу 45 милиони евра, плус се очекуваат околу 15 милиони евра од субвенциите.
Kоњановски потврди дека нема да изостанат стимулациите од едно евро за килограм тутун, што ќе се платат во законски утврдениот рок.